Кеопсова пирамида

Кеопсова пирамида (Голема пирамида во Гиза или Пирамида на Куфу) — најстара и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза, и е единственото до денес сочувано светско чудо од седумте чуда на античкиот свет. Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, се до 2560 г. п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 г. На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата.
Постојат различни научни и алтернативни теории во врска со техниките на изградба на Кеопсовата пирамида. Најприфатливите теории се засноваат на идејата дека таа била изградена со вадење на големи камени блокови од каменолом и со влечење и подигнување до местото каде што се градела пирамидата.
Познати се три простории во Кеопсовата пирамида. Најниската го засекува темелот врз кој била изградена пирамидата, и не е довршена.[1]Таканаречените Одаја на кралицата и Одаја на кралот се наоѓаат ниво повисоко во структурата на пирамидата. Кеопсовата пирамида е основниот дел од комплексот градби кој вклучува два меморијални храмови во чест на Кеопс (еден во близина на пирамидата и еден во близина на Нил), три помали пирамиди за сопругата на Кеопс, една уште помала „сателитска“ пирамида, пат кој ги поврзува двата храма, и мали мастаба-гробници на благородниците, кои ја обиколуваат пирамидата.

Изградба на пирамидата

Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за фараонот на четвртата египетска династија, Кеопс, и се градела во период од 14 до 20 години, а била завршена околу 2560г. п.н.е.  Некои луѓе го сметаат Хемон, везирот на Кеопс, за архитект на Кеопсовата пирамида.  Постојат претпоставки дека, кога била изградена, Кеопсовата пирамида била висока 280 египетски лакти, 146.6 метри, но поради ерозија, нејзината моментална висина изнесува 138.8 метри. Должината на секоја страна од основата на пирамидата изнесувала 440 лакти, а секој лакот има 0.524 метри. Вкупната маса на пирамидата се проценува на 5.9 милиони тони. Се смета дека волуменот изнесува приближно 2.500.000 метри кубни. Врз основа на овие проценки, градењето на пирамидата во период од 20г. вклучувало поставување на приближно 800 тони камен секој ден. Првите прецизни мерења на пирамидата биле направени од египтологот Сер Флиндерс Петри во 1880-82г. и биле објавени како Пирамидите и Храмовите на Гиза. Речиси сите извештаи се базираат врз неговите мерења. Камењата со кои била обложена пирамидата како и внатрешните блокови во просториите биле поставени со огромна прецизност.
Кеопсовата пирамида, 19век
Пирамидата останала највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 години, се до изградбата на куполата на Линколнската катедрала висока 160 метри, во 1300 г. Прецизноста во изградбата на пирамидата се состои во тоа што четирите страни на основата имаат минимална грешка од само 58 мм во должина. Основата е хоризонтална и израмнета со математичка точност од 21 мм. Страните на основата се точно ориентирани кон четирите страни на светот. Според мерењата на Петри и подоцнежните студии, димензиите изнесувале 280 лакти во висина и 440 лакти во должина за сите 4 страни од основата на пирамидата. Овие пропорции се еднакви на π/2 со точност поголема од 0.05%, за што некои египтолози сметаат дека е резултат на однапред испланирани пропорции[11]. Вернер напишал: „Можеме да заклучиме дека, иако античките Египќани не можеле точно да ја определат вредноста на π, тие сепак ја употребувале во практиката“. Петри, авторот на „Пирамидите и храмовите во Гиза“, кој ги направил првите точни мерења на пирамидите во Гиза и ископувањата на пирамидата во Меидум заклучил: „но, ваквите соодноси на површините и вредноста на π се толку систематски, што би можеле да потврдиме дека биле пресметани во градежниот планот“ . Претходно, во едно поглавје напишал: „Оттаму може да се заклучи дека приближната вредност на 7 наспрема 22 како пропорција на дијаметар и обем им била позната“ .

No comments:

Post a Comment